Петар Богојески, кидер на „Македонски концепт“ доби државна функција.
Имено, тој е поставен за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Најголем дел од фондот на пари со кои располага агенцијата доаѓа од „Еразмус+“, програмата на Европската Унија наменета да го поддржи образованието, обуката, младите и спортот во земјите во Европа, меѓу кои и Македонија.
Богојески е назначен на функција на местото на Марко Ѓоргиевски, кој ја водеше оваа институција од ноември 2020.
Оваа државна агенција се најде под истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), од каде лани побараа поврат на 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година.





