Кинезите ја исмеваат идејата за „реиндустријализација“ на САД (ВИДЕО)

Видео генерирано од вештачка интелигенција коое стана вирално се шири на кинеските социјални мрежи на кое се прикажани неуредни, незадоволни Американци кои работат во запуштени фабрики.



Кинеските корисници на социјалните мрежи се потсмеваат и велат – навикнете се на sweatshops, што е англиски термин за фабрики каде што работниците се третираат неправедно.

Видеото ја исмева идејата на Трамп за „реиндустријализација“, односно враќање на производството во САД, како и сите оние кои сè уште веруваат дека оваа политика ќе им користи на американските работници.

Кина денеска соопшти дека ќе преземе „одлучни и ефективни мерки“ за да ги заштити своите права и интереси, како одговор на тарифите од дури 104% наметнати од актуелниот американски претседател Доналд Трамп.