Контроверзниот Пајазит Пајазити, кој го пушти Блерим Рамадани од косовската УЧК од ефективен во домашен притвор, по што тој избега, останува судија во Кривичниот суд.
Ова е конечната одлука на Судскиот соввет, донесена во петокот на затворена седница, објави ТВ „Алфа“.
Пајазити добил само парична казна, шест месеци да зема 30% помала плата. Со одлуката на судскиот совет судијата останува да суди во одделението за претходна постапка, кое одлучува по притвори за осомничени.
Одлуката за Пајазити е донесена осум месеци откако Рамадани избега, а откако за целата стручна и генерална јавност стана јасно дека лице кое се пушта во домашен притвор во земја во која не е резидент или државјанин најверојатно ќе избега.

Од Судскиот совет не откриваат кој гласал Пајазити да продолжи да суди.
Сит членови на Судски совет


Уапсениот Рамадани, на 18 јули минатата година се согласил пред судијата Пајазити да биде екстрадиран по скратена постапка во Србија и се согласил да биде суден. Пајазити тогаш му определил притвор. Но, на 22 јули, Рамадани поднел жалба преку својот адвокат во кој навел дека не го разбрал преведувачот кога зборувал за скратената постапка за екстрадиција.
Според Законот за меѓународна соработка, изјава за скратена постапка за екстрадиција е неотповиклива и не може да биде повлечена, што би значело дека Рамадани не можел да се предомисли.
Сепак, судијата Пајазити ја прифатил новата одлука на Рамадани. По ова, иако опстојувале сите причини кои укажувале на бегство, односно околностите биле целосно непроменети, Пајазити одредил куќен притвор за Рамадани, кој избега. И официјален Белград побара одговори од државните органи како Рамадани баран преку Интерпол од куќен успеа да избега за Косово.
Пајазити има и други дискутабилни пресуди. Тој е судијата на претходна постапка кој не одреди притвор за групата која упадна во М-НАВ предводена од Беким Незири. Тој е заменик претседател на Кривичниот суд а во времето кога Груевски беше во бегство беше судија за санкции кој ја носеше одлуката за издржување на казната затвор. Судскиот совет одлучи тогаш дека нема пропуст кај судијата Пајазити кој му даде покана за затвор на Груевски.





