Близу 100 загинати во дискотеката во Доминиканската република

Според најнови информации 79 луѓе загинаа (неофицијално се 98), а 155 се повредени откако се урна кров на ноќен клуб во Доминиканската Република, соопшти шефот на агенцијата за помош при катастрофи Хуан Мануел Мендез.



Според Би-Би-Си, загинале најмалку 98 лица, а 150 се повредени.

Делови од кровот се урнале врз посетителите на концертот на пејачот Руби Перез.

Причината за уривањето на кровот се уште е нејасна.

Повеќе од 300 спасувачи бараат затрупани жртви под урнатините со помош на термални камери.

„Се додека има уште надеж, ќе продолжиме да работиме. Има знаци кои нè наведуваат да веруваме дека сè уште може да има преживеани, рече Мендез и додаде дека властите нема да се откажат се додека и последниот човек не биде извлечен од урнатините.

Претседателот на Доминиканската Република Луис Абинадер го посети местото на катастрофата. „Длабоко жалиме за трагедијата во ноќниот клуб Џет Сет“, напиша тој на X.

„Сите спасувачи ја даваат потребната поддршка и неуморно работат на спасувањето. Нашите молитви се со семејствата на погодените“, додаде тој. (МИА)