„Поместувањето на преговарачкиот процес од медијацијата на Нимиц во директно преговарање е влегување во потенцијална замка во која Грција, како веќе интегрирана, во преговорите наметнува (редефинирани) почетни позиции и темпо, а Македонија, која бара членство во тие интеграции, преоѓа во инфериорна позиција, вели во колумна за мкд.мк Ивон Величковски, лидер на Либералната партија.
Според партијата каде почесен лидер е Стојан Андов лесното согласување (на повторно преговарање) за работи кои со меѓународна (особено американска) поддршка се утврдени уште со Времената спогодба од 1995 е еднакво штетно како и одењето на референдум за договореното. И едното и другото водат кон тоа дека опсегот на новиот договор е далеку повеќе од промена на референтното име во ОН, а тоа е недозволиво, како и преземањето каква било обврска за идна уставна промена, бидејќи е отстапување и од Времената спогодба и од Резолуцијата 817 на Советот за безбедност.
ЛП поради ова бара сериозна дипломатска иницијатива веќе од вчера и консултација со Бугарија, како претседавач со Европскиот Совет. А по изјавата на Макрон за (ре)дефинирањето на структурата на ЕУ, потребен е разговор и со германските и со француските власти и нивно појаснување за изнесениот став. Ова прашање секако ја засега и Македонија, но и целиот регион, смета Величковски.
Целата колумна на следниот линк





