Премиерот Мицкоски во однос на воведените царини од САД од 33 отсто вели дека преговорите со Соединетите американски држави се одвиваат во насока земјава да докаже дека има дефицит во трговската размена со САД, а не обратно.
„Работиме со нашите партнери и очекуваме ова наскоро да се корегира, ова е резултат на грешка. Нашата размена е во дефицит, а тие држави кои имаа дефицит немаа толку високи давачки. Во контакт сме со повеќе институции. Во наредниот период очекуваме да се реши проблемот“.
Тој вели дека процесот е сензитивен и дека додека не завршат консултациите не може да се даде точен датум за одговор од Вашингтон за царините.
– Секундарните ефекти ќе бидат поголеми, доколку земјите од ЕУ не успеат да го надминат овој удар со тарифите, отколку директните примарни ефекти од нашата трговска размена со САД.






