Претседателот на партијата Демократско движење, Изет Меџити, одговарајки на прашање за настапот на ВРЕДИ на претстојните локални избори, вели дека во Коалицијата нема дилеми, па дури и се разговара за обединување на партнерите во една политичка партија.
Според Меџити единствен кој има дилеми за тоа и размислува за можна соработка со ДУИ, е Таравари.
„Таравари е тој кој треба да расчисти со дилемите Вреди или соработка со ДУИ. Ние сметаме дека таа соработка би била неприродна.
Коалицијата беше формирана за да ги победиме ДУИ.
На локалните избори планираме да настапиме со заеднички листи, заеднички кандидати, заедничка програма и платформа, а ако треба некаде ќе поддржиме и независен кандидат.
Нема смисла секој сам да оди на локалните избори. Сите политички аргументи кажуваат дека треба да се оди со заеднички листи на ВРЕДИ, со еден кандидат, една листа, една програма…“, изјави Меџити.
Таравари на два ума: Со ВРЕДИ или АА самостојно да оди на локални избори






