Потребата по 8 децении од основањето ОН да се прилагодат и ефикасно да одговорат на современите предизвици, е една од темите на средбата на претседателката Сиљановска Давкова со Амина Џ. Мохамед, втор човек во светската организација
,,Одбележувајќи ја 33 годишнината од нашето пристапување во Обединетите Нации, имав задоволство да разговарам со Амина Џ. Мохамед, заменичка генерална секретарка на Организацијата.
Се согласивме дека по 8 децениско постоење, неопходно е ОН да се прилагодат и ефикасно да одговорат на современите предизвици, да се борат за вредностите и принципите на Организацијата и да бидат погласни, со што, на сегашните и на идните земји-членки ќе им докажат дека вреди членството во ОН.

Ѝ благодарам на Амина за топлите зборови за националната трагедија која јас лично ќе ја носам со мене до крајот на животот. И благодарам за искажаната желба за побрзо опоравување на повредените, но и за неодржливоста на предолгото чекање пред Европската унија и соочувањето со непринципиелни услови”, објавува претседателката Гордана Сиљановска Давкова по средбата со Мохамед.





