Така владејачката ВМРО-ДПМНЕ го оцени изборот на Венко Филипче за претседател на опозициската СДСМ кој беше единствен кандидат на вчерашните внатрепартиски избори.
Од партијата додаваат дека тој бил само потрчко на Зоран Заев, поранешниот претседател на партијата и своевремено премиер.
„За трагедијата да биде уште поголема, регистрирани беа 23.712, а само 18 илјади членови го подржаа Филипче. Тоа само зборува дека Филипче нема кредибилитет во СДС.
Само 18 илјади луѓе сметаат дека Венко треба да ја води СДС. Истиот Венко, кој не одговараше за модуларна болница, за набавката на КОВИД вакцини од фантом фирма Старби, кој лажно вакцинираше член на фамилијата за ПР, работеше за богатење на неговиот ментор Заев кој сега гради згради по Дубаи.
Филипче е поставен директно од Заев, за да работи за негови интереси, а знаеме дека интересите на Заев, се предавства за Македонија.
Филипче е прочитана приказна на македонската политичка сцена. Филипче ниту е, ниту пак може да биде новото лице во СДС, тој е само обичен привезок на Заев“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.






