Мистериозно исчезнал банер со барање за правда за Крешник Бектеши

Во најфрекфентниот дел од градот на влезот на Дебарската чаршија ноќеска мистериозно исчезнал банер со кој се бара правда за Крешник Бектеши кој како екс министер за економија каде се давале лиценци за дискотеки е притворен во врска со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.



На банерот на македонски и албански јазик пишува ,,Правда – Единатвен пат до мирот”.

Банерот бил поставен ноќта меѓу петокот и саботата а исчезнал ноќеска.

Пораката која е поставена на зградата каде што се наоѓа седиштето на ДУИ во овој град не е поставена на друга локација што значи дека или ја повлекле од ДУИ или пак некоја друга непозната сила ја тргнала од центарот на Дебар.

Членови на ДУИ кои ги испратија фотографиите до редакцијата на expres.mk се сомневаат дека банерот е тргнат од припадници на партиите на власта или од незадоволни членови на ДУИ кои бараат расчистување со сите кои во име на партијата се богателе со децении.