Априлски снег на Стража предизвика проблеми на патот Скопје – Охрид (ВИДЕО)

Како ретко кога во историјата годинава има снег на коловозот на Стража во месец Април.
Голем број возила чии сопственици не ги смениле зимските со летни гуми денеска имаа проблем да го минат планинскиот превој кој е познат по тешки услови за возење во текот на зимата.
Интервенциите на возилата чистачи на Македонија пат кои го чистат снегот кој паѓа во текот на денот не можеше да спречи дел од возилата поради снежната покривка на патот привремено да бидат надвор од сообраќај.



Присутните полициски екипи успеваат да помогнат на дел од возилата кои се заглавени во снегот но не можат да ги казнат возачите кои имаат летни гуми затоа што обврската за користење зимски гуми трае од 15 Ноември до 15 Март.