Британскиот магазин Newsweek во својата опширна анализа за спорот за името наведува дека македонскиот премиер Зоран Заев кој бил поумерен од неговиот предходник Никола Груевски, предложил 4 потенцијални алтернативни имиња за неговата земја.
Освен промената на името на аеродромот Акександар Велики за Заев според Newsweek прифатливи се имињата:
Република Горна Македонија
Република Северна Македонија
Република Вардарска Македонија, и
Република Македонија (Скопје)

Во анализата на магазинот се говори и за опасноста битката за името и за наследството на Александар Велики да има тешки последици по Македонија но и по целиот регион.
Во текстот се споменува и тоа дека Грција е 38 воена сила на светот а Македонија се наоѓа на 118 место според моќта на своите вооружените формации поради што стравот од било какви територијални аспирации во Грција е неоснован.




