Македонија по урнекот на Свазиленд за името

Кралот на Свазиленд Мсвати трети го сменил името на својата земја во еСватини (eSwatini) што на јазикот Свати значи “земја на Сватите”.



Со тоа апсолутниот монарх на оваа мала земја меѓу Мозамбик и Јужна Африка го одбележа 50 годишниот јубилеј од независноста од Лондон.

За разлика од другите африкански колонии оваа држава не го сменила своето име по независноста во 1968 година и дури сега решава да добие ново име кое што се користело пред британската колонизација.

Свазиленд е последната африканска монархија со неограничени права на шефот на државата.

Во бекграундот на веста за Свазиленд дел од африканските медиуми ја споменуваат Македонија како земја која заедно со еСвати годинава ќе го промени своето име и притоа се потсетува дека во февруари во Скопје се одржале протести против промена на името.