ДУИ: Зошто Македонија не стапи во воен сојуз со Хрватска, Косово и Албанија?

Демократската унија за интеграција реагираше откако Албанија, Косово и Хрватска потпишаа меморандум за воена и индустриска соработка, со позитивни ефекти врз нивните економии, додека Македонија остана надвор од оваа иницијатива.



ДУИ поставува прашања зошто е донесена оваа одлука, кога регионалната безбедност е во критичен момент, ја пренесува реакцијата на интегративците порталот Телеграфи.

„Дали заборавивме?
Дали бевме избркани?
Или оваа влада одби да биде дел од процесот?
Во критичен момент за регионалната безбедност, кога нашите евроатлантски сојузници ја зајакнуваат одбраната на Западен Балкан, *Македонија се движи во спротивна насока.

Наместо да го продлабочуваат сојузот со НАТО и западните партнери, премиерот и министерот за одбрана се поблиску до Белград и неговите сојузници.

Додека владите од регионот јасно се движат кон евроатлантските вредности, некои министри од оваа влада се редовни гости на приемите во руско-кинеските амбасади, а други учествуваат на државни церемонии кои отворено се против НАТО, чиј сојуз сме полноправни членки“ се вели во реакцијата.

„Зошто ВРЕДИ молчи?
Дали е тоа насоката што ја избраа за државата?
Зошто се оддалечуваме од нашите стратешки и природни партнери?

Ова не е само голем неуспех на владата, туку и предавство на евроатлантската иднина на *Македонија.

Како партија која ги гарантираше евроатлантските интеграции на земјата, ова прашање ќе го поставиме во Собранието и пред нашите меѓународни партнери, барајќи целосна транспарентност за причините поради кои Северна Македонија е исклучена од оваа стратешка соработка“, се вели во реакцијата на ДУИ.