Социјалдемократите денеска одржуваат редовни внатрепартиски избори за нов претседател на партијата.
Единствен кандидат за оваа функција е Венко Филипче,актуелниот партиски лидер.
Филипче беше избран за лидер на партијата во јуни минатата година, по оставката на Димитар Ковачевски. Новиот мандат ќе трае четири години.
Изборите првично беа закажани за 16 март, но беа одложени поради трагедијата во Кочани.
Гласањето започна утрово на 78 избирачки места во општинските организации на СДСМ ширум државата, а ќе бидат отворени до 20:00 часот.
На Избирачкиот список, се запишани 23.712 активно регистрирани членови.
Вечерва најверојатно ќе биде соопштено и името на победникот.






