Ова го изјави министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Елмедин Конаковиќ, по одлуката на владата на Република Српска да ја протера германската министерка за Европа Ана Лирман од Бања Лука.
Конаковиќ ќе побара ЕУФОР веднаш да интервенира за апсење на водачот на босанските Срби Милорад Додик и неговите соработници.
„Тоа се терористички закани кон министерката, изјави Конаковиќ на вонредната прес-конференција во Сараево.
Конаковиќ објасни дека тоа значи итно гонење, бидејќи оние кои загрозуваат лица под меѓународна заштита во Босна и Херцеговина се соочуваат со затворски казни од шест месеци до пет години.






