Околу 1.200 демонстрации се најавени за денеска, 5 април 2025 година, во САД што би претставувало најголем еднодневен протест против претседателот Доналд Трамп и неговиот сојузник, милијардерот Илон Маск, од почетокот на вториот мандат на Трамп, пренесува „Ројтерс“.
Протестите познати како Нands Down, им дава можност на противниците на Трамп да го изразат своето незадоволство од огромните промени во надворешната и внатрешната политика на САД, кои се предизвикани со извршни наредби.
Според Езра Левин, ко-основач на групата Indivisible, една од организациите зад протестите, „Ова е огромна демонстрација која испраќа многу јасна порака до Маск и Трамп и до сите сојузници на MAGA (Даја направима Америка повторно голма) дека не сакаме нивните раце да бидат врз нашата демократија, нашите заедници, нашите училишта и нашите пријатели и соседи“. ,
Белата куќа не одговори на барањата за коментар од Трамп или Маск.
Околу 150 активистички групи најавија учество во протестите, а планирани се настани во сите 50 држави, како и во Канада, Британија, Франција, Германија, Мексико и Португалија.
Најголемите демонстрации се очекуваат во Вашингтон.






