Руски сили извршиле високопрецизен ракетен напад на местото на состанокот меѓу украинските вооружени сили и западните инструктори во ресторан во Криви Рих, соопшти руското Министерство за одбрана.
Русите тврдат дека во нападот загинале до 85 украински војници и странски офицери, како и дека биле уништени 20 возила.
„Како одговор на нападите на украинските вооружени сили врз цивилни објекти, руските сили редовно ги напаѓаат украинските војници, платеници и воена опрема, како и украинската инфраструктура: објекти од одбранбената индустрија, воена команда и комуникации“, велат Русите.
Украинците претходно објавија дека Русите извршиле напад со балистичка ракета врз Криви Рих, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Според Украинците, во нападот загинале 16 лица, меѓу кои и шест деца. (Индекс.хр)






