Рускиот патријарх Кирил најави посета на Албанија

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил, сопшти дека има план да ја посети Албанија, пренесува весникот „Илинден“ – Тирана.



„Се надевам дека со милоста на Господ на крајот од овој месец ќе се реализира мојата официјална посета на Албанија. Тоа ќе биде прва посета на еден Патријарх на Руската православна црква во посетна на Албанска Православна Црква, која доживува воскресение по целосното уништување на религијата, на секој религиозен симбол и на секое изразување на религиозни чувства во оваа земја во дваесеттиот век“, стои во сопштението на Патријархот московски и на цела Русија, Кирил.