Руските студенти на Запад да се вратат дома

Руска владина агенција задолжена за унапредување на имиџот на земјата во странство, започна кампања за поттикнување на руските студенти кои студираат во Британија и други „непријателски земји“да се вратат дома.



Заканата од безбедносни проблеми и „провокации“ по труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, значи дека тие сега треба да побегнат и да се преселат на „дивиот исток“ на Русија, пишува денеска британски „Express“.

На студентите им се сугерира дека постојат одлични можности на далечниот исток на Сибир, наместо во Лондон, но планот наиде на потсмев на социјалните медиуми.

Во последниве години, некои од најсјајните студенти во Русија, како и дипломираните финансиски и технолошки стручњаци, гравитираа на големите британски универзитети и компании.