Институциите успешно ја вршат работата уште од самиот почеток, а сето тоа јавноста го гледа, со оглед на целосната вклученост и напорите коишто ги прави МВР и министерот Панче Тошковски – Ова го истакна пратеникот Љупчо Пренџов во рамки на интервју на ТВ 24.
Пратеникот се осврна на состојбата во Македонија во минатото и направи компарација помеѓу неуспешните истраги кои се случувале за време на претходната власт и сегашното функционирање кое се темели на транспарентност, ажурност, уште во самиот почеток од настанувањето на трагедијата, истакнувајќи дека во првата фаза од истрагата веќе има приведени и осомничени лица.
Во последните неколку години живи луѓе ни гореа, имавме нула обвинети, нула кривични пријави, имавме Ласкарци, луѓе починаа на самото место, во Бугарија изгореа луѓе, имавме нула обвинети и нула кривични пријави поднесени од страна на МВР, денес имаме сосема различен случај, а тоа е дека во првите 48 часа повеќе од 30 луѓе беа повикани на распит повеќе од 20 беа задржани повеќе од 20 добија притвор, во првите 72 часа, 36 луѓе завршија во притвор и три правни лица, сосема друга состојба имаме и велиме дека ова е само прва фаза отпочнуваме втора фаза и ќе видиме кој се плус ќе биде осомничен – вели Пренџов.
туку и во другите институции и притоа нагласи дека сето тоа е факт којшто го покажале истрагите.
– Оливер Спасовски многу време беше министер и криминалот се вгнезди во МВР, откога Панче Тошковски е министер трицифрена е бројката на избркани службеници, сакам да кажам дека нема да има пардон кон никого, пред никого којшто направил криминал за разлика од минатото, такви времиња нема да има. Панче Тошковски ќе ја истера работата до крај, самиот министер кажа дека секаде кај што има криминал ќе се реагира, да оставиме на институциите да ги решат работите сметам дека дискусија и правење на политика на оваа тема не смее и не треба да има од ниту една политичка партија, ние сме одлучени криминалот и корупцијата да ги сотреме – истакна Пренџов.





