„Имав голема чест, заедно со вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи, да го пречекаме во Скопје претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај. Овој состанок има посебно значење, означувајќи уште еден значаен чекор во зајакнувањето на нашите братски и соработнички односи.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши по денешната средба со шефот на албанската држава Бегај, одржана во Скопје.
Натаму Гаши наведува на општествената мрежа: Разговорот беше многу конструктивен и топол, при што разменивме мислења и идеи за зајакнување на нашето стратегиско партнерство. Раѕговаравме за заедничките можности, што ни ги нуди иднината, за патот кон европската интеграција и за предизвиците, кои бараат тесна и континуирана соработка.
Ја истакнавме потребата натаму да се зајакнува нашата посветеност и меѓусебна поддршка на патот кон заедничка и просперитетна иднина.





