Нема веќе функционирање ,,како до сега” му порача министерот за полиција Панче Тошковски на екс спикерот на парламентот и екс министер Талат Џафери кој на сесија на пратенички прашања го праша дали чувствува морална одговорност за трагедијата во Кочани.
Тошковски во одговорот рече дека чувствува лична морална одговорност но најави одговорност и за други 4 случаи.
,,Некои политички чинители сѐ уште не можат да разберат дека заврши времето на “како досега”, вели Тошковски како дел од одговороѕ на пратеничко прашање на пратеникот Талат Џафери.
Во одговорот Тошковски зборуваше за повеќе случаи на корупција во повеќе институции кои беа водени од кадри меѓу кои има и од ДУИ по што рече дека одговорност ќе има не за еден туку за четири случаи.
Видеото на овој линк
https://www.facebook.com/share/v/165fxFeSC9/?mibextid=D5vuiz






