Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов го освои Суперкупот на Полска со Јагјелонија, која славеше со 1:0 над Висла во Варшава.
Крилото одигра 66 минути за победничката екипа и беше четврти најдобро оценет нејзин играч со оценка 7,6.
Чурлинов сезонава настапува за Јагјелонија како зајмен играч од англиски Барнли до 30 јуни и досега има постигнато 5 гола и 4 асистенции на 35 настапи во сите конкуренции.






