Половина од анкетираните Грци (50%) сметаат дека заемно прифатливо решение за името со севкупна употреба е во служба на грчките интереси, а исто толку (51%) оценуваат дека Грција не може да постигне договор без да биде вклучен термин „Македонија“ во името,
Резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата ALCO за грчкиот информативен портал News247 покажуваат дека 51 отсто Грци одговориле негативно на прашањето „ дали сметаат дека Грција во преговорите би можела да постигне име без зборот Македонија“.
31 отсо од анкетираните сметат дека решение е можно без зборот Македонија, а 18 не знаат или одбиле да одговорат.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, еден од двајца Грци (50 отсто) смета дека заемно прифатливо име за севкупна употреба подобро би им служело на грчките интереси.
„Важните заклучоци што произлегуваат од резултатите од истражувањето, покажуваат формирање на реална перцепција во врска со прашањето на поранешната југословенска Република Македонија, бидејќи испитаниците во мнозинство (50%) сметаат дека е во служба на грчките интереси заемно прифатливо решение, а не сегашниот статус (32%), пишува информативниот портал News247 како што пренесува МИА.




