„Царини“: Зошто Трамп ги „заборави“ Русија и Северна Кореја

За разлика од Кина, Европската унија или Индија, кои се соочени со драстично зголемување на царините, Москва и Пјонгјанг останаа надвор од опсегот на овој тарифен бран.



Причината не е политичка попустливост, туку комбинација од постоечки санкции, минимална трговија и геополитички калкулации, тврди Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави за Аксиос дека Русија не е покриена со царините бидејќи американските санкции веќе спречуваат каква било значајна трговија.

„Сепак, САД сè уште тргуваат повеќе со Русија отколку со земји како Маурициус или Брунеи, кои беа на списокот на Трамп за царини. Дури и оддалечените островски области како Токелау (население 1.500) во Тихиот Океан и Свалбард (население 2.500) во Арктичкиот круг)

Трамп воведе царини за острови каде живеат само пингвини

Левит нагласи дека Куба, Белорусија и Северна Кореја исто така се изоставени бидејќи веќе имаат екстремно високи царини и санкции.

Инаку, поради инвазијата на Украина, Русија е под влијание на санкции кои влијаат на финансискиот сектор, енергетиката и воената индустрија. Трговијата со САД опадна од 36 милијарди долари во 2021 година на само 3,5 милијарди долари во 2024 година, што го прави воведувањето дополнителни царини економски бесмислено.

Северна Кореја е уште поизолирана – американските и меѓународните санкции речиси целосно ја забрануваат трговијата, освен во хуманитарни случаи.

Во вкупната структура на американската трговска размена, Русија и Северна Кореја учествуваат со помалку од 0,1%.

Од друга страна, Кина оствари трговски суфицит од речиси 300 милијарди долари со САД во 2024 година, поради што е погодена со царинска стапка од дури 34%.

Исклучувањето на Москва и Пјонгјанг може да има и дипломатска позадина:

Имено, администрацијата на Доналд Трамп можеби ќе сака да задржи простор за преговори – со Русија за Украина и со Северна Кореја за нејзината нуклеарна програма.