Таравари: Ако не настапиме со Вреди на локалните избори, тогаш ќе одиме сами! – Ја исклучуваме можноста за коалиција со ДУИ!

„Арбен Таравари, претседателот на Алијансата за Албанците, од коалицијата Вреди, се огласи со соопштение во кое вели дека, ако не одат со Вреди на локалните избори, тогаш ќе настапат сами, со што ја исклучи можноста за коалиционирање со ДУИ.“ – објавија весникот „Лајм“ и ТВ 21.



Двата медиума истакнуваат: „Ако не излеземе со Вреди на изборите, втората можност е сами да настапиме на изборите. Но треба да го видиме и расположението кај  и ова е втора опција, но да го видиме и расположението кај членствата на партиите. За мене е многу важен гласот на граѓаните.“ – нагласи Таравари во одговорот на прашањето во врска со разликите во Вреди и дали очекува коалиција со ДУИ.

Околу разликите во Вреди Таравари укажа дека се се однесуваат, главно, на советничките листи. Според него, трите партии во Вреди сакаат да настапат на локалните избори со една заедничка листа.