Влијателниот американски магазин Foreign Policy тврди дека Грција и Турција се движат кон војна.
Во анализа за состојбите во Егејот магазинот вели дека за разлика од 1996 година кога САД интервенирала и спречила воен конфликт сега Вашингтон го нема никаде.
НАТО сојузниците се сега повторно пред амбис затоа што и опозицијата во двете земји дотура масло на огнот а за грчкиот премиер проблем е и коалициониот партнер Каменос кој дава провокативни изјави.
Тензијата пораснала по смртта на грчкиот пилот чиј авион падна на враќање од мисија на бркање на турски авиони во ткн сива зона за која Турција тврди дека е ничија а формално е дел од Грција согласно Лозанскиот договор.
Конфликтот уште повеќе се засили откако турскиот премиер Јилдирим објави дека турските сили го симнале грчкото знаме од спорниот остров Имија, што се покажа како лажна вест.
Опасноста од војна во Егејот е голема и поради двајцата грчки војници кои се држат од турските власти и на кои може да им се суди за шпионажа но и поради тоа што Грција одбива да испорача турски војници кои побараа азил по неуспешниот воен удар во земјата.





