Ралповски: Денешниот протест на ССМ со нереални барања

„Сите сакаме 500 евра минимална плата, но она што требаше да го направиме како конфедерација  – го направивме во овие девет месеци и работите се тргнати од нула“ изјави Благоја Ралповски кој доаѓа од Конфедерација на слободни синдикати (КСС) утрово гостуваше во студиото на Радио Лидер.



За денешниот протест најавен од ССМ тој смета дека има нереални параметри и барања.

„Протестот е легитимно право на секој, особено на синдикалците. Секогаш е добро да се протестира, но треба да се има реални параметри и барања“ вели Ралповски.

Тој раскажа дека во претходните се протестираше затоа што се кршеа законите, се кршеа колективните договори, затоа што имаше сериозен притисок…

„Бевме по полиции, министерката Мила Царовска ме апсеше под изговор дека сум снимал разговор. Сериозни притисоци имавме низ годините“, вели Ралповски за Радио Лидер.

Повод за гостувањето на Ралповски утрово беше протестот на ССМ кој треба да започне во 12 часот и пет минути и на кој се повикува членството да го изрази своето незадоволство од ниските плати, но и поради односот на Владата во пристапување на решавање на проблемот околу зголемување на минималецот, барајќи 500 евра минимална плата.