Селмани: Погубно е партиите од ВРЕДИ да настапат поединечно на локалните избори

Според поранешниот политичар и актуелен аналитичар, Имер Селмани, доколку ВРЕДИ на локалните избори оди со посебни листи за советници, тока ќе биде погубно за коалицијата сокоја ја сочинуваат Алијанса на Албанците, Беса, Алтернатива и Демократското движење.



Поранешниот министер и нкандидат за претседател на Македонија е дециден дека опцијата за поединечни листи за советниците на локалните избори на секоја од партиите не може да донесе подобар резултат затоа што резултатот на ВРЕДИ на минатите парламентарни избори се должеше на заедничкиот настап.

„Настапот на коалицијата поединечно како партии, уште на старт ги става во погубна ситуација. Сепак тоа е нивно право како ќе настапат, можеби водејќи се од интересите на партиите како поединечен субјект. Ако зборуваме за ВРЕДИ, секој глас им е добредојден и многу поголем ефект има во групата отколку поединечно“,тврди Селмани за „Локално“.

Оценката на Селмани соаѓа по „искричењата“ во коалицијата ВРЕДИ на неколку месеци пред локалните избори.

Арбен Таравари, еден од лидерите на коалицијата и министер за здравствоиако првично негираше проблеми, завчера го критикуваше начинот на кој ВРЕДИ функционира во Владата, оценувајќи го за „тром“ и со „многу недостатоци”.

Таравари со критика: ВРЕДИ делува тромо