Могерини: Пристапувањето кон ЕУ е како видеоигра (ВИДЕО)

„Кога ќе завршите едно ниво добивате ново ниво, а на крајот од денот добивате екстра поени… а крајна цел е подобрување на стандардот и квалитетот на живот “, изјави денеска во Скопје, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, на заедничката прес конференција со макдонскиот премиер Зоран Заев.



Могерини, како што пренесе Нова ТВ, рече дека допатува да ја соопшти добрата вест дека Македонија се врати на добрата патека и упати совет: Можете да славите и потоа да се вратите на работа.