Гренланд ќе ги зајакне своите врски со Данска додека не стане суверена држава, изјави новиот премиер на арктичкиот остров Јенс-Фредерик Нилсен, за Ројтерс.
Според него, целта е Гренланд да стане независна земја.
Нилсен (33) во петокот положи заклетва како премиер на Гренланд, водејќи ја четирипартиската коалициска влада во деликатно време додека американскиот претседател Доналд Трамп не ги крие своите амбиции да го контролира островот.
Според него, Гренланд одржува силно партнерство со централната влада во Данска и тоа ќе продолжи до денот кога островот ќе стане независна земја.
На темата за амбициите на Доналд Трамп, новиот гренландски премиер коментираше дека сака партнерство со САД, но врз основа на меѓусебно почитување.
„Ние не сакаме да бидеме Американци. Ниту во иднина не сакаме да бидеме Данци. Сакаме да бидеме независни.
Но, во моментов сме дел од Кралството Данска и така ќе биде“, коментира тој.





