Македонскиот Елиот Нес одговори на навредите од Апасиев: Проблемот е што на терен ги газам сите на купче

Заменик директорот на Јавното претпријатие Македонски Шуми Кире Михаилов кој поради своите пресметки со шумската мафија во јавноста е познат како Македонскиот Елиот Нес одговори на навредите од лидерот на Левица Димитар Апасиев.



Откако на Фејсбук бил навредуван и нарекуван вмроид и идиот Михаилов се обидел да одговори на навредите но бил блокиран од страна на Левица по што се обраќа до јавноста со одговор до партијата.

Михаилов меѓу другото вели дека проблемот за Левица е во тоа што на терен ги газам сите на купче, мислејќи на шумската мафија која веќе не може да краде дрва и на политичките ривали.

Целиот одговор на Михаилов за навредите од Апасиев и Левица:

Системот на ЛЕВИЦА падна за неполни 2 часа!

Почитувани, бев јавно прозван од партијата Левица за нешто, а секако после тоа и наречен ВМРОИДЕН идиот од страна на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, човекот кој меѓудругото се нарекува и професор кој воспитува деца.

Откако културно ЈАВНО му се обратив на Димитар Апасиев и одговорив културно на неколку коментари на нивната официјална страница, за нецели 2 часа бев блокиран.

Е сега, и покрај тоа што како политички субјект се крајно некоректни, сепак, јас сметам дека треба да одговорам ЈАВНО на тоа што прашаа.
Сметам дека треба да одговорам не заради Левица, туку заради граѓаните затоа што јас мојата енергија за работа ја црпам од граѓаните и сметам дека кон нив треба да бидам чесен и искрен.

Од причина што сум блокиран и ги немам прашањата, ќе одговорам на она што отприлика го запаметив.

Прво, бев обвинет дека сум се заканувал на наши вработени да не тужат за неисплатено К15 за 2023 и за 2024 година, години во кои оние кои тие ги донесоа со Шарената Револуција беа власт и години во кои тоа раководство на ДУИ и СДС претпријатието го заглибале со по повеќе од 100 милиони денари годишно.

Но, ќе исплатиме и покрај тоа што тоа е обврска која не е наша и наследена исто како што ги исплативме сите заостанати плати, придонеси и други огромни трошоци.

Но најважно, АПСОЛУТНО НЕ Е ТОЧНО ДЕКА НЕКОМУ СУМ МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ ПО ОВОЈ ОСНОВ!!!

Второ, ме обвинија дека сум се заканувал за некакви синдикати!

Ниту сум член, ниту некогаш сум бил член на синдикат, но, најважно, АПСОЛУТНО НЕ Е ТОЧНО ДЕКА НЕКОМУ СУМ МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ ПО ОВОЈ ОСНОВ!!!

Трето, имаше некое прашање за ХТЗ опрема!

ХТЗ опремата е облека која е потрошен материјал и треба почесто да се набавува.
Голема количина на ХТЗ опрема во ова претпријатие се набави во 2014/2015 година кога ВМРО ДПМНЕ беше власт и една мала во 2020 година, во времето кога нивниот коалиционен партнер Зоран Заев беше власт, друго нема.
Работниците ги оставиле да ја чуваат шумата и да ги гасат пожарите со своја опрема или како што еднаш кажав, ГИ ОСТАВИЛЕ БУКВАЛНО ПО ВЛЕЧКИ!

Ние како ново раководство, и покрај тоа што претпријатието ни го оставија до гуша во долгови и без пари, за тековната 2025 година ПРЕДВИДОВМЕ СРЕДСТВА и ќе набавиме ХТЗ опрема!!!

Четврто, имаше некое прашање за службеното возило дека сум го користел за партиски цели!

Е сега, затоа што тука најмногу ги боли Левица, но и овие од СДС и ДУИ, најсочно ќе го одговорам ова прашање за да не трошат повеќе енергија на ова прашање во иднина.

Прво, АПСОЛУТНО НЕТОЧНО е дека јас во овие осум месеци службеното возило сум го злоупотребил за партиски ниту пак ќе дополнам, за приватни цели!!!

Но, што е она што ги буни?!?

Јас, како Директор именуван од владата, место да уживам во комодитетот на фотељата, јас на нашите вработени им се ставив на располагање 24 часа секој ден, 7 дена во неделата, 365 дена во годината се додека сум таму каде што сум.

Од причина што нашето претпријатие има сменско и ноќно работење, јас лично, си земам за право и обврска да им бидам на располагање и тогаш, но, неретко и ги контролирам вработените во вторите смени и во ноќните часови за да знам дали и како си ги извршуваат своите работни задачи затоа што ова беше претпријатие во кое не се даваа плати, но и претпријатие во кое не се одеше воопшто на работа.

Е ПА ТОА НЕРАБОТЕЊЕ И НЕОДЕЊЕ НА РАБОТА ГО МЕНУВАМ И ЌЕ ГО СМЕНАМ, ОД КОРЕН!!!

Јас, како директор во ЈП “Македонски Шуми” именуван од влада, место да го користам комодитетот на фотељата КАКО ДО СЕГА, јас на граѓаните на МАКЕДОНИЈА им се ставив на располагање 24 часа на ден, 7 дена во неделата, 365 дена во годината за се и во секое време што ќе побараат од мене без разлика дали тоа се однесува на дрвокражби, пожари или што и да е од доменот кој нас како претпријатие не тангира.

Ако мене како директор некогаш ме видите пред некоја кооперација или во некој дом, треба не само овие од Левица, туку и оние од ДУИ и СДС, но пред се граѓаните да знаат дека јас како функционер ветив дека постојано ќе бидам меѓу граѓаните, тоа го правам, тоа и ќе го правам.

Јас оценката за тоа дали ние како претпријатие работиме и за тоа како одредени мои директори и колеги работат ја црпам пред се од граѓаните, а не од оние кои мораат да ми кажат дека кај нас во претпријатието се е супер и дека се цвета.

Проблемот на СДС, ДУИ и Левица им е во тоа што јас како функционер назначен од владата на МАКЕДОНИЈА ги сменив од корен стандардите на функционирање и работење.

Не веруваа дека ветувањата за постојано присуство помеѓу граѓаните е остварливо?
Е па јас сум им живиот доказ за тоа!!!

Проблемот почитувани мои сограѓани им е во тоа што ги газам на терен, сите на купче, ги газам во пакет затоа што вие почитувани мои сограѓани многу добро правите разлика помеѓу работа и импровизација, ги газам затоа што вие почитувани мои сограѓани го препознавате мојот чесен пристап за разлика од лажната душегрижливост на Левица, ДУИ и СДС!

И најголемиот проблем почитувани мои сограѓани е во тоа што на дел од нашите колеги/неработници во претпријатието им смета тоа што јас 24 часа им дишам во врат и не можат да прават што сакаат, не можат да не одат на работа, не можат да спијат на работните места и под превезот на некакви партиски притисоци сакаат преку Левица, ДУИ и СДС да си купат некаков раат.

АПСОЛУТНО НА СИТЕ ДА ИМ БИДЕ ЈАСНО, ДОДЕКА СУМ ТАМУ КАДЕ ШТО СУМ, ВРАБОТЕНИТЕ НЕКА ОЧЕКУВААТ ДЕКА ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ МОЖАМ ДА СЕ ПОЈАВАМ НА КОНТРОЛА, НО, ИСТО ТАКА МОЖЕ И ДА СМЕТААТ НА МЕНЕ БУКВАЛНО 24/7!

ИСТОВО, ДОСТАПНОСТ 24/7 АПСОЛУТНО СЕ ОДНЕСУВА И ЗА СИТЕ МОИ СОГРАЃАНИ!

ВО ИЗМИНАТИВЕ ОСУМ МЕСЕЦИ ПОКАЖАВ, ВО НАРЕДНИОВ ПЕРИОД ЌЕ ПРОДОЛЖАМ УШТЕ ПОСИЛНО ДА СЕ ГРИЖАМ ЗА ДОБРОТО НА ГРАЃАНИТЕ, ЧЕСНО И ОДГОВОРНО ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ!!!

ЗНАМ ДЕКА СИ ЗЕМАВ ГОЛЕМ ТОВАР И ОГРОМНИ ОБВРСКИ НА МОЈОТ ГРБ, НО НЕКОЈ МОРАШЕ ДА ПОКАЖЕ ДЕКА И ТАКА МОЖЕЛО!!!

Друго не знам што пишуваше, простете ми почитувани мои граѓаните ако нешто сум испуштил, но, не е моја вина, блокиран сум и не можам да ги прочитам прашањата!!!