„Трагедијата во Кочани треба да биде поука да не се реагира секогаш после вакви работи, туку оти е време да се направи целосен ресет во државата. Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче бара одржување лидерска средба, само за да се прикаже дека е некаков чинител, само заради своја факторизација.“ – изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во гостувањето во дневникот на Македонската телевизија.
Мицевски посочи дека и по недела дена од разговорите и отворањето на темата се уште нема официјално барање за лидерска средба. Според него, чудно е што сите информации, кои што ги добиваат, доаѓаат од медиумите во вид на прашање: зошто, или како нема средба? Тој смета дека лидерската средба е начин за факторизација на Венко Филипче. „Неважно е местото, каде што би се одржало нешто такво. Од претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Филипче до сега немаме слушнато нешто конкретно и отворено да каже за ова што е најавено, околу таа лидерска средба. Филипче бара начин да се факторизира како политичар, односно како лидер на опозициона партија. Со ваквото барање не се остваруваат никакви резултати. Тоа е можност само за факторизација на Венко Филипче и за вовлекување на ВМРО-ДПМНЕ, или владејачката коалиција, во нешто, во кое нема потреба да се влегува во овој момент“ – нагласи Мицевски.
Според него, во однос на анкетните комисии Социјалдемократскиот сојуз наметнува некои теми во јавноста, но и оти се уште нема предлог за тоа до Собранието. Тој оценува дека е противуставна иницијативата, која ја поднел Европскиот фронт. Барањето, што го поднел Европскиот фронт во Собранието, е надвор од уставните норми. За формирање Анкетна комисија се потребни 20 потписи од пратеници, а тие во моментот имаат 16 потписи. Насловот на таа Анкетна комисија, или онаа добивање на информација за состојбите е малку загрижувачка, имајќи во предвид дека Собранието нема истражна функција, ниту комисијата сама по себе. Она што треба Собранието да го направи е да дојде до политички заклучоци, врз основа на она што се случувало за одредена состојба, случај или процес.“ – напомна координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски
Според него, ова парламентарно мнозинство е различно од минатото. Тој истакна дека се отворени, ако има некаков предлог согласно со уставот и законите, да се разговара и за модуларната болница, за онкологија, Беса Транс, Дурмо Турс, но и за јавните набавки во министерството за здравство, како и за сите отворени и неразрешени ситуации, кои се случија во минатото. „Во ситуација кога имаме активна истражна дејност на институциите, негативно е ние да излегуваме и политички, од говорница каде што сме заштитени по правото на збор, да влијаеме, или некако да ги поништиме истражните дејстваа и постапките, што ги водат институциите. Институциите беа организирани и реагираа бргу во врска со трагедијата во Кочани. Натаму ќе не очекува отворен процес, во којшто ќе дојдеме до одговори на сите прашања.“ – рече Мицевски.
Тој истакна дека е во изработка нов закон за експлозивни материи за цивилна употреба, но по случајот во Кочани мораше да се реагира, за да се направат интервентни измени во законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Мицевски дека се планирани целосни промени на закони, меѓутоа не е постигнато да се реализираат, затоа интервентно се реагира. „Во предложениот закон се утврдува дека не е дозволена употребата на пиротехничките средства, определени со закон во објекти и простории од затворен тип. Меѓутоа, не се само овие измени, кои што ги предвидуваме во ова законско решение. Ќе се промени законот за експлозивни материи за цивилна употреба, а со законот против прекршоците за јавниот ред и мир се опфаќаат и други прашања, кои ги засегаат граѓаните.“ – изјави Мицевски.





