Лидерот на Алијансата на Албанците, која е дел од коалицијата ВРЕДИ јавно го критикуваше функционирањето на партиите на Албанците во Владата со оценка дека колаицијта функционира „тромо“ и треба да се најде модел за подобра синхронизација.
„Јас мислам дека имаме многу недостатоци. Тоа не е толку до премиерот Мицкоски, колку што е до нас. Постои некаква неусогласеност што се гледа од 100 километри, дека многу бавно функционираме. Впечаток е на народот, што е најлошо за нас, дека ВЛЕН има многу слаба позиција во Владата.
Само што направив три анкети, кај Албанци генерално анкетирани. Впечатокот на околу 70% од населението Албанци е дека ВЛЕН не функционира добро, не е задоволувачко претставувањето на Албанците во Владата“, изјави тој во интервјуто за „360 степени“.
Таравари дообјасни дека кога зборува за претставувањето на Албанците во Владата не мисли на квантитетот кој е во ред во однос на тоа колку има број на министри, број на директори, туку на – квалитетот.
„…ако го земете квалитативно, тоа не е баш како што треба, не функционира баш како што треба и тоа е генерален впечаток на повеќето, зборувам за Албанците“, додава Таравари.
Ваквите ставови на Арбен Таравари доаѓаат во период на сѐ погласни шпекулации дека тој е со една нога надвор од ВРЕДИ, а се поблиску до ДУИ. Првиот вистински, а можеби и последен тест на коалицијата се претстојните локални избори.
ВРЕДИ, засега, не успева да се договори дали ќе настапи со заеднички листи за советници и кандидати за градоначалници.
Таравари, додава, тоа прашање има историја уште од лани, кога се отвора идејата за ВРЕДИ од коалиција да прерасне во една партија.






