„ССМ станала приватна фирма на Слободан Трендафилов, за само една година луѓето околу него земаат милиони во вид на плати и додатоци.“ – обвини владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.
Натаму ВМРО ДПМНЕ истакнува: Синдикалците на батерии, на чело со Трендафилов, земаат над милион денари годишно во вид на плати и додатоци. За да биде ова уште потрагично, овие пари ги земаат од парите, кои синдикалците со ниски примања ги даваат на Сојузот на синдикати на Македонија. Лажните синдикалци, кои го предводат ССМ, се богатат на маката на работниците. Затоа, работниците, кои членуваат во ССМ, се длабоки разочарани од раководството на чело со Трендафилов.
Разочараноста на членовите на ССМ од сегашното раководство е, поради тоа тоа што тие го имаат претворено ССМ во приватна фирма и ги користат благодетите од неа. Додека ги гледаат во очи и ги лажат синдикалците, Трендафилов и останатите синдикалци на батерии инкасираат милионски суми во своите џепови на грбот на работниците-членови на синдикатот.
Трендафилов и луѓето, со кои што одработува за СДС, земаат плати за 3 или 4 плати поголеми од минималната плата. Затоа тие немаат реална претстава за маката на граѓаните. Политиканството на Трендафилов и ССМ мора да престане. – порачува ВМРО ДПМНЕ.





