Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва присуствувала
на настанот ,,Бајрамска баклава” организирана од поглаварот на Исламската верска заедница во чест на празникот Рамазан Бајрам.
Овој ден е потсетник за вредноста на искреното пријателство, љубовта, разбирањето и поддршката што несебично си ја даруваме едни на други, порачува претседателката од настанот.

,,Вечерва имав чест да присуствувам на традиционалниот прием „Бајрамска баклава“ организиран од поглаварот на ИВЗ, Реисул Улема х. хфз. Шакир еф. Фетаи, по повод празникот Рамазан Бајрам.
Во атмосфера исполнета со срдечност се издигнаа вредностите што го облагородуваат нашето општество: меѓусебната почит, силата на соживотот и значењето на традицијата.

Овие мигови ја истакнуваат суштината на заедништвото и убавината што произлегува од различностите коишто нè зближуваат и обединуваат.
Со завршувањето на светиот месец Рамазан, бајрамската баклава нека биде уште еден потсетник за вредноста на искреното пријателство, љубовта, разбирањето и поддршката што несебично си ја даруваме едни на други”, објави вечерва претседателката Гордана Сиљановска Давкова.






