ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше тендери на брат му

„СДСМ да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот, кој го посочуваат, е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат, СДСМ треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како досега“.



Ова се наведува во соопштението на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ како одговор на опозициската СДСМ која претходно ја Владата за непотизам.

„Да потсетиме дека премиерот од СДСМ, Ковачевски, ѝ даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДСМ, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и на роднините. СДСМ е партија чиишто претседатели делеа бизниси на своите семејства“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, СДСМ ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека во Министерството за дигитална трансформација се случува серија скандали – поврзани со непотизам, судир на интереси и со сомнителни тендери, за кои, според СДСМ, институциите молчат.