Јапонија стравува од мегаземјотрес кој може да убие 300.000 луѓе

Јапонската економија би можела да загуби до 1,81 трилиони долари во случај на  мегаземјотрес (кој се очекува) кај брегот на Тихиот Океан, кој би можел да предизвика разорни цунами, да урне стотици згради и да убие околу 300.000 луѓе.



Ова се прoceнките од владиниот извештај до кој имаше пристап Ројтерс.

Јапонија е една од најподложните земји во светот на земјотреси, а владата гледа околу 80 отсто шанси за земјотрес со јачина од 8 до 9 степени долж зоната на земјотресот на морското дно, позната како Раседот Нанкај.

Во најлошото сценарио, при потенцијален земјотрес со јачина од 9 степени во областа, Јапонија најверојатно ќе треба да евакуира 1,23 милиони луѓе, или 10 отсто од вкупното население.

Околу 298.000 луѓе би можеле да загинат од цунами и урнати згради доколку земјотресот се случи доцна во зима, се вели во извештајот.