Уште по 2.500 плус на мартовските пензии

Зголемување од 2.500 денари со мартовската пензија, со што вкупното линеарно зголемување достигнува 5.000 денари.



Сспоред премиерот Христијан Мицкоски, тоа ја намалува разликата меѓу најсиромашните и најбогатите пензионери.

Премиерот откри дека Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд побарале зголемување на старосната граница за пензионирање. Сепак, Владата се спротивставила на ова барање, дозволувајќи работа до 67 години само за оние кои тоа го сакаат.