Данска ќе го „спасува“ Гренланд

Премиерка на Данска, Мете Фредериксен, ќе го посети Гренланд од 2 до 4 април на разговори со новата влада на полуавтономната територија.



„Со нетрпение очекувам да ја продолжиме блиската и доверлива соработка меѓу Гренланд и Данска“, рече Фредериксен во изјавата цитирана од Ројтерс.

Потсетуваме дека нејзината посета доаѓа во време на зголемен притисок од САД за преземање на контролата врз арктичкиот остров.

За време на посетата на американската воена база во северен Гренланд во петокот, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ја обвини Данска – која го контролира Гренланд од 1721 година. – дека не прави напори да го чува островот безбеден и предложи САД подобро да го бранат стратешки лоцираниот остров.
Џеј Ди Венс ја посети американската воена база на Гренланд

Тој ги даде своите забелешки неколку часа откако Гренланд формираше нова влада на широка коалиција предводена од Јенс-Фредерик Нилсен, кој ја нарече Данска свој најблизок сојузник.

Фредериксен, кој претходно изјави дека народот на Гренланд треба да одлучува за својата иднина, во петокот рече дека описот на Венс за Данска не е фер.

Трамп: „Ќе го земеме Гренланд, сто посто“