„Ние сме подготвени за следен чекор напред…. Одлуката за почеток на преговорите за членство во Европската унија на самитот на министри во јули е нашата следна цел“, изјави утрово на заедничката прес конференција со еврокомесарот Јоханес Хан, премиерот Зоран Заев кој истакна дека владата на Република Македонија, во наредните два месеци, уште поенергично ќе ги води реформските процеси за во јули Македонија да добие датум за почеток на преговорите.
Еврокомесарот Хан рече дека се радува дека е повторно во Скопје во овие моменти по успехот, честиташе на добиената препорака на владата и на опозицијата, и потсети дека „ова е еден пат, но останува уште многу да се направи“.
„Земјата помина долг пат и покрај тешките моменти за надминување на тешката политичка криза. Сега сте цврсто на европскиот пат. Гледаме дека има позитивна промена на енергија и надеж во земјата“, рече Хан, според кој Македонија станала „ветување за демократски промени во регионот“.
За актуелниот спор со Грција околу мето еврокомесарот рече дека тоа „ не е лесно, бидејќи се работи за билатерален спор, за надминување на проблеми до минатотио и за влез во ново ниво на односите меѓу земјите. Мислам дека решението може да се најде во блиска иднина“, рече Хан.
Во продолжение прес конференцијата на премиерот Заев и комесарот Хан:





