Јута стана првата американска држава која ги забрани ЛГБТ знамињата од училиштата и сите владини згради, пренесува Си-Би-Ес Њуз
Републиканскиот гувернер Спенсер Кокс претходно објави дека дозволува забраната да стане закон без негов потпис.
Почнувајќи од 7 мај, зградите на државните или локалните власти ќе бидат казнети со по 500 долари дневно, за веење знаме различно од знамето на Соединетите Држави, знамето на државата Јута, воени знамиња или други одобрени од властите.
Не се дозволени ни политички знамиња кои поддржуваат одреден кандидат или партија, како што се знамињата со мотото на претседателот Доналд Трамп „Направи ја Америка повторно голема“.
Новиот закон може да предизвика конфликт меѓу државните власти и властите во најголемиот град Солт Лејк Сити, кој е полиберален.






