Фудбалерите на Вардар славеа со 3:1 во вечното дерби со Пелистер во Битола во рамките на 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Домаќинот поведе преку Вилдан Керим во 10. минута, израмни Горан Закариќ од пенал десет минути подоцна, а целосен пресврт донесе влегувањето во игра на Роберт Мато во 63. минута.
Напаѓачот од Уганда погоди во 75. минута и седум минути пред крајот за триумф на „црвено-црните“ и во вториот меѓусебен дуел со лутиот ривал сезонава.
Шестата победа во првенството оваа сезона го зацврсти најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија на осмото место со 25 бода, три помалку од Пелистер на седмото пред преостанатите средби од колото утре.






