Фејзи Азири обвинет за случајот “МОНСТРУМ” кој беше осуден со правосилна судска пресуда на шест ипол години затвор за поседување нелегално оружје, е уапсен вчера на Клиниката за пулмологија и алергологија и ставен под полициски надзор, јавува Алфа ТВ.
Штипскиот затвор уште на 28 февруари го известил Судот и Управата за санкции дека Азири е во бегство но неговото апсење се случува месец ипол подоцна.
Апсењето е извршено откако вчера под притисиок на јавноста излезе информација дека бегалецот никој не го барал ниту пак Судот и Управата за санкции знаеле каде се наоѓа.
Азири заедно со сите други обвинети за Монструм беше ослободен а случајот е вратен на повторно судење.