САД ја распуштаат УСАИД

Стејт департментот на 28 март официјално го извести американскиот Конгрес дека фактички ја распушта американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) и префрла некои од нејзините функции, пренесува Си-Ен-Ен.



Реорганизацијата ќе се изврши до 1 јули.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја обвини УСАИД за лошо управување со парите на даночните обврзници и финансирање програми во странство кои не се во интерес на Соединетите држави.

Сегашни и поранешни претставници на УСАИД и експерти за хуманитарна помош возвратија дека агенцијата, иако несовршена, одговара на виталните хуманитарни потреби.

Во првите недели на функцијата, администрацијата на Трамп најави даека ќе ја затвори УСАИД.

Илјадници вработени во УСАИД беа или отпуштени или испратени на административен одмор, а договорите за помош милијарди долари беа откажани.

Помалку од 900 вработени во УСАИД останаа на работа од минатата недела, според друго известување од агенцијата до Конгресот.

УСАИД беше главната почетна цел на Одделот за владина ефикасност (DOGE) на Илон Маск, кој укинува илјадници работни места и програми на федералната влада.