Филипче нема кредибилитет за да бара лидерска средба, велат од „Вреди“

Коалицијата „Вреди“ реагира за најавата од претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за свикување лидерска средба во Собранието наредната седмица, бидејќи, според него, „јасно е дека конвенционалните начини на водење политика, на политичка борба, не даваат доволно брзи резултати“.



„По најавите на СДСМ дека ќе побараат анкетна комисија за Кочани, што несомнено е во координација со нивната фракција од ДУИ, кои наивно веруваат дека можат да се претстават како лажни жртви на политички прогон, господинот Венко Филипче потврди дека има намера да ја политизира колективната трагедија и со тоа нема кредибилитет за да свикува лидерска средба. Доволна е координацијата со ДУИ“, велат од „Вреди“.