Засилени вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер. По градинките, училиштата, културните установи и станбените згради, сега се проверуваат и спортските сали. Се прави увид дали во целост се исполнуваат услови за противпожарна заштита, но и за безбедноста на луѓето. Првиот човек на арената „Борис Трајковски“ за МРТ1 вели дека кај нив нема неправилности.

Општините веќе им најавија на Управителите на зградите дека мора да ги исполнуваат сите услови за противпожарна заштита. Имаат рок во најскоро време писмено да ги известат за состојбата со ПП опремата. Од ЗЕЛС велат дека повеќето од општините се на терен и редовно вршат контрола.
Само на територија на општина Карпош, од 800 згради, само една ги исполнувала условите за безбедност, вели градоначалникот. До сега се отповикале 330 влезови од згради. Пишани се 21 казна на локали кои не отпочнале постапка за обновување на дозвола. Имало и два ноќни клубови кои одбиваат соработка со инспекторите, а едниот се заканувал дека тој бил закон.

За противпожарни апарати се чека и до една недела, а нивната цена почна да расте. За 10-тина дена, компаниите кои ги увезуваат, продале противпожарна опрема како за цела година. Тие чинат од 50 до 100 евра, во зависност од големината и полнењето.
Министерството за транспорт, како последно, објави дека по спроведнеи контроли во 640 фирми за проектирање, дури 15% од нив не ги исполнувале законските услови за работа, по што им се одземени лиценците. Контрола се прави на 1.000 лиценцирани правни лица.





