Хрватската европратеничка Маријана Петир, која Владата на Заев неодамна ја смени од шеф на Групата пријатели на Македонија во Европски парламент што таа ја основа, им честиташе на македонските граѓани за новата препорака за почеток на преговори за членство во Европска унија со големо срце со македонско државно знаме во него.
„Извонредни вести за Македонија од Европска комисија. ЕК денеска му препорача на Советот отворање пристапни преговори со Mакедонија. Надевајќи се дека процесот на преговори ќе се отвори побрзо и успешно ќе се затвори без промена на името и на Уставот, им честитам на сите македонски граѓани“, напиша Петир на својот профил на „Твитер“.





