ВМРО ДПМНЕ: Околу Филипче се луѓе поврзани со скандали со дрога! Дали СДС одобрува користење кокаин?

„СДС елитистичка да не молчи и да неги става работите под тепих, пред очите на јавноста излезе целото лицемерие на „борците за правда и еднаквост“ од СДС. СДС е партија која е опкружена со луѓе и функционери кои се поврзани со скандали со дрога.“ – реагира владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Натаму ВМРО ДПМНЕ порачува: СДС и на власт и во опозиција има скандали поврзани со употреба на наркотични средства. СДС и Филипче молчат и не се оградуваат за случајот каде Јон Фрчковски директор на Центарот за истражување и анализи на СДС консумира психотропна наркотична супстанца. Јавноста беше сведок и за случајот со еден од водачите на шарената револуција и поранешен пратеник на СДС, Павле Богоевски кој исто така потврди автентичност на снимка според која тој нарачува психотропна наркотична супстанца.

СДС има историја на скандали поврзани со шверц и користење на дрога од високи функционери. Спасовски како поранешен министер за внатрешни работи молчеше и за скандалот на кланот Заеви, поврзан со шверц на дрога. Во акцијата, која беше спроведена од американската агенција ДЕА, во комбето со грчки регистерски таблички беше пронајдена дрога вредна повеќе пд 800 илјади евра, а се поврзуваше со фирма, која е партнер на фирмата на Заеви. Уапсени беа командирот на полициска станица Прилеп, кој беше директно поставен од Оливер Спасовски и шоферот на Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев.

Советникот Шпат Касапи од кабинетот на поранешниот вицепремиер и сегашен бегалец Артан Груби беше фатен со пакетчиња кокаин. Користењето наркотични средства не може да помине со оставка, тоа предизвикува низа последици согласно со законот.
Јавноста заслужува одговори на прашањата: зошто СДС не се оградува од Јон Фрчковски? Каде користел наркотични супстанци? На кое работно место? Надлежните органи треба да профункционираат и да го повикаат Јон Фрчковски на распит.



Дали само децата и внуците на црвената буржоазија и транзициските функционери се привилегиран слој во општеството, па Јон Фрчковски има дискреционо право? Дали за Јон Фрчкоски не важи законот каде доколку на работно место лице внесува, употребува или е под дејство на алкохол и наркотични средства веднаш добива отказ од работодавачот? СДС треба да ѝ се извини на јавноста, а државните институции да профункционираат и надлежните органи да реагираат. – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.